Ѕвездата на Мароко шокираше – најави пензија по Мундијалот!
Во разговор со медиумите, Мазрауи откри дека сериозно размислува за поинаков животен пат по фудбалот.
„Можно е да одлучам да се повлечам по Светското првенство. Животот е краток“, изјави мароканскиот фудбалер.
Тој нагласи дека една од неговите најголеми животни цели е целосно да го научи Куранот и во иднина да се посвети на верска служба.
„Сакам да го научам Куранот напамет и еден ден да станам имам во џамија“, додаде Мазрауи.
Неговите зборови предизвикаа бројни реакции меѓу навивачите, особено затоа што станува збор за фудбалер кој и натаму настапува на највисоко ниво и од кого се очекуваат најдобрите години од кариерата.
Инаку, Мазрауи има 28 години и во овој момент е фудбалер на Манчестер јунајтед.