Ѓорческа ја дозна противничката на стартот на квалификациите за Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи на квалификациите за Вимблдон, а на ждрепката беше одредена нејзината прва противничка.

Ѓорческа ќе се соочи против Анхела Фита Болуда од Шпанија, која во моментов се наоѓа на 213. место на ВТА-листата, односно 10 позиции подобропласирана од македонската тенисерка.

Шпанката оваа сезона освои еден пехар, иако одигра четири финалиња, а најдобар пласман на ранг-листата е 190. место.

Натпреварот меѓу Ѓорческа и Фита Болуда е закажан за утре од 12 часот, а победничката ќе се соочи против подобрата од мечот меѓу Далма Галфи и Франциска Хорхе.