„Рафиња се моли да оди во Ал Хилал, има големи финансиски проблеми“

Поранешниот бразилски репрезентативец Вампета кажа дека Рафиња има многу поголем проблем од тоа што ќе го пропушти следниот натпревар на Светското првенство (СП).

Вампета вели дека Рафиња има големи проблеми во семејството, но и со финансиите, па поради тоа сака да се пресели во Ал Хилал.

„Рафиња има сериозни проблеми. Има големи финансиски проблеми, се моли да оди во Ал Хилал. Тој има проблеми и тоа ми го кажаа луѓе од Барселона. Тој сака да замине во Ал Хилал за да си ги реши главоболките“, вели тој.

Фото: Confederação Brasileira de Futebol