Додека е Меси тука, Аргентина нема грижи - светските шампиони се во нокаут фаза! (ВИДЕО)
Херој на Аргентинците и во овој натпревар беше кој друг, ако не Лионел Меси. Меси првата голема шанса да го отвори резултатот ја имаше во деветтата минута кога шутираше покрај голот од пеналот кој го изнуди Лаутаро.
Следуваше уште некоја пропуштена прилика на Аргентинецот за во 38-та минута по асистенција на Медина да ја погоди мрежата и да постигне гол за историја. Меси со овој погодок се искачи осамен на врвот на вечната листа стрелци на Мундијалите со 17 гола, зад себе го остави Мирослав Клосе кој застана на 16.
До крајот, Аргентина изгледаше сигурно и ја чуваше предноста, за во самиот финиш Меси да постигне уште еден гол, негов петти на овој Мундијал за конечни 2-0.