Алварез ја фрли „бомбата“: Најдобро за сите е да си одам од Атлетико (ВИДЕО)

Она што беше најавено последните два дена се потврди вечерва откако Хулијан Алварез јасно побара трансфер од Атлетико Мадрид.

На таа тема зборуваше непосредно по мечот со Австрија со што ги зголеми шпекулациите дека сака да се пресели во Барселона.

„Можеби не е вистински момент да зборувам на оваа тема, но не сакам да се претворам дека се е в ред. Се обидувам да бидам искрен со луѓето од клубот. Мислам дека е најдобро за сите да си заминам од Атлетико и да го исполнам својот сон“, изјави Алварез.

Аргентинецот е цел број 1 на Барселона во летниот преоден рок и во каталонскиот тим треба да биде замена за Роберт Левандовски кој си замина на крајот од сезоната.