Мбапе ја продолжува потерата по Меси - еврогол за израмнување со Роналдо (ВИДЕО)
Францускиот ас испрати бомба кон голот на азиската селекција и на фантастичен начин ја затресе противничката мрежа. Со тоа стигна до 15 гола на мундијалите со кои се израмни со Роналдо да Лима и тоа на својот јубилеен 100. натпревар во дресот на француската репрезентација.
Пред него сега е Мирослав Клосе со 16 и него може да го достигне веќе вечерва, а на првото место е Лионел Меси со денешните два гола против Австрија.