Кокшаров: Во шок сум, не знам што се случи, накратко - голманите не ни помогнаа!

Предводникот на актуелниот европски ракометен шампион, екипата на Вардар, Едуард Кокшаров, конечно ја прокоментира ситуација која се случи во Унгарија, каде што „црвено - црните“ претрпеа уште еден убедлив пораз, овој пат од тимот на Веспрем.

Кокшаров, кој го замени Писонеро на тренерската позиција, не се појави на прес-конференцијата по завршувањето на дуелот во Веспрем, но најпосле за руските медиуми откри дека се уште е во шок по претрпениот пораз од Унгарците.

Искрено да ви кажам, бев во шок, а дури ни сега не можам да објаснам што се случи на тој натпревар. Време за анализа немав, бидејќи веднаш по мечот заминав за Москва. Јасно е дека голманите не ни помогнаа воопшто. Во одбраната секогаш имавме недоразбирања, плус му дававме топки во раце на ривалот и тие реализираа многу контра напади. Ќе побарам видео од натпреварот, и ќе анализирам детално, изјави Кокшаров за рускиот „Брз Центар“.

По клупските обврски, Кокшаров се насочи кон руската репрезентација, со која ќе одигра на турнир во Аргентина, против домаќинот, Полска и Шпанија.

На обврските во Вардар ќе им се врати дури на 29 октомври.