
Кил загуби со гол од центар во последната секунда, ама дојде до четврт-финале во ЛШ (ВИДЕО)
Причина за тоа е убедливата победа остварена во романската престолнина, каде што германскиот тим славеше со дури 13 голови разлика (41-28). Бундеслигашот вечерва загуби во луд финиш и тоа по водство од 31-30, а откако прими гол буквално од последната секунда и тоа со шут од центар додека беа без голман. Стрелец на победничкиот погодок за Романците беше Акименто, кај кого дојде топката по грешката на домаќинот на нерешено (31-31) кога играа со седум ракометари во поле. Лудата завршница погледнете ја ТУКА.
Во таборот на германскиот гигант се истакна Егберг со девет гола, додека за Динамо пет гола има поранешниот вардарец Кудуз. Во четвртфиналето Кил ќе се сретне со ѕвездениот тим на ПСЖ.