Исланѓаните распалија по судиите: Не ни дозволуваат да играме ракомет!
Првата ѕвезда на Исланд, Гисли Кристјансон смета дека неговата репрезентација била сериозно оштетена против Данска.
„Против репрезентација како Данска, мора сè да е совршено, а ние не одигравме така. Промашивме седмерци, па таков ривал секогаш казнува. Исто така имаше и многу судиски одлуки кои ми е тешко да ги прифатам. Се случува судиите да не ни дозволуваат да играме ракомет, често. Се обидовме да ги пробиеме Данците, ама судиите не запираа. Тоа го уништува ритамот, ја прекинува играта. Едноставно не ни дозволуваат да играме. Можеби премногу се жалам, ама тоа се моите импресии. Ќе ја освоиме бронзата в недела“, изјави Кристјансон.
Исланѓаните утре против Хрватска ќе се борат за бронзата на Европското првенство.