Мурињо: Тоа што го направи Куртоа за Трубин е неверојатно! (ФОТО)
Голманот на Бенфика, Анатоли Трубин даде гол во 98. минута и го однесе неговиот тим во плејоф фазата од Лигата на шампионите.
Тибо Куртоа и покрај примениот гол и поразот, отиде кај Трубин и срдечно, со насмевка му честиташе за чудото кое се случи.
„Она што Куртоа го прави со Трубин е неверојатно. На тие гала-вечери што се одржуваат на крајот од сезоните, наградата за фер-плеј веќе е добиена. Би се осмелил да кажам дека, среде тагата од поразот, тој најде неколку секунди да биде среќен за својот колега од спротивната страна“, рече Мурињо.