Кам-бек од соништата: Јокиќ се врати со 31 поен (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се врати на терените и ноќеска го одигра својот прв натпревар по повредата на коленото што ја заработи на 29 декември.

Се однесуваше како воопшто да не паузирал, беше најдобар на мечот и имаше најголема заслуга за триумфот на Денвер Нагетс над Лос Анџелес Клиперс со 122-109. Постигна 31 поен (8/11 од поле, 2/3 за три, 13/17 пенали), 12 скока, пет асистенции и три украдени топки.

Многу рано ги презеде работите во свои раце, па стана прв играч во НБА по Кевин Лав пред четири години кој за 12 минути постигнал 14+ поени и 8+ скока. Противничките кошаркари се обидуваа да го следат и да го запрат, но едноставно не одеше и Клиперс доживеаја убедлив пораз. Клиперс, сепак, се држеа во поголемиот дел од натпреварот, во еден момент од третата четвртина и накратко поведоа, но лошиот финиш на натпреварот во Колорадо скапо ги чинеше.

По Јокиќ, се истакна Тим Хардавеј со 22 поена и два скока, Пејтон Вотсон додаде 21, со четири скока и три асистенции, додека Џамал ​​Мареј имаше 20 поени, девет асистенции и четири скока. Најдобри играчи на Клиперс беа Џејмс Харден со 25 поени, девет асистенции и пет скока и Кавај Ленард со 21 поен, шест асистенции и три скока.

Денвер со ова го остварија својот четврти триумф во последните пет натпревари, со што воедно заврши мини-серијата на Клиперс од три победи.

РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон - ЛА Лејкерс 111-142
Бостон - Сакраменто 112-93
Њу Орлеанс - Мемфис 114-106
Њујорк - Портланд 127-97
Орландо - Торонто 130-120
Денвер - ЛА Клиперс 122-109
Феникс - Кливленд 126-113
Јута - Бруклин 99-109
Голден Стејт - Детроит 124-131