Статистиката е како бикини: Синер беше подобар во сѐ, ама победи - Ѓоковиќ! (ФОТО)
Практично сите параметри од вчерашниот полуфинален натпревар на Австралија Опен одеа во корист на Италијанецот, но Ѓоковиќ триумфираше и утре ќе се бори за својата 11. титула во Мелбурн.
Синер имаше подобар процент на прв сервис, повеќе освоени поени на првиот сервис, на вториот сервис, двојно повеќе асови, помалку двојни грешки. Понатаму, Италијанецот оствари повеќе винери, ист број на неизнудени грешки, повеќе поени на ритерни и повеќе освоени поени вкупно...
И покрај сето тоа, победи Ѓоковиќ, кој ќе игра со Карлос Алкараз во финалето во недела. Тоа е тенисот. Поентата не е да се освојат повеќе поени, туку да се освојат најважните.