Еве колку ќе заработи Рибакина за титулата на Австралија опен - сумата е рекордна!

Елена Рибакина ја победи најдобро рангираната тенисерка Арина Сабаленка во финалето на Австралија опен и ја освои својата втора грен-слем титулата, а тоа и донесе и богата награда.

Вкупниот награден фонд оваа година изнесуваше 111,5 милиони австралиски долари (околу 65,5 милиони евра), што е за речиси 16 проценти повеќе отколку во 2025 година.

Ова е најголемиот скок на наградниот фонд во историјата на турнирот. Победниците во машка и женска конкуренција ќе добијат зголемување од 19 проценти оваа година во споредба со последното издание на турнирот.

Рибакина со тоа заработи 4,15 милиони австралиски долари, или околу 2,44 милиони евра. Поразената белоруска тенисерка доби 2,15 милиони австралиски долари, што е приближно 1,26 милиони евра. Финалистите во машка конкуренција, Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ, ќе добијат иста сума.