Македонија денеска ќе го добие противникот за баражот за Светското првенство
ИХФ пред неколку години воведе систем со два баража, но Македонија поради освоеното трето место во својата група на Европското првенство, ќе биде повластена и ќе го пропушти првиот, а во вториот ќе биде во улога на носител. Директни патници на Мундијалот од европската зона се шесте најдобри од континенталниот шампионат кој се уште е во тек: Германија, Данска, Хрватска, Исланд, Шведска и Португалија.
Преостанатите места се пополнуваат низ квалификации кои веќе почнаа во октомври 2025 година. Двојките за втората фаза веќе се знаат, а натпреварите од неа ќе се играат во март, додека Македонија се вклучува во третата, финална фаза.
Нашата група во ждрепката ќе биде во групата на носители, заедно со: Франција, Словенија, Норвешка, Унгарија, Шпанија, Швајцарија, Фарски Острови, Холандија и Австрија што значи дека ниедна од овие репрезентации не може да ни биде противник.
Од оние можните, добро е да ги избегнеме Италија, која покажа огромен напредок на Европското првенство, потоа Србија, Полска и Црна Гора. Натпреварите од баражот се играат на 13/14 и 16/17 мај, а со оглед на тоа што е носител, Македонија ќе биде домаќин во реваншот.
МОЖНИ ПРОТИВНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА ВО БАРАЖОТ
- Чешка
- Италија
- Победникот од двомечот БиХ-Косово
- Победникот од двомечот Грузија - Израел
- Победникот од двомечот Украина - Словачка
- Победникот од двомечот Србија - Литванија
- Победникот од двомечот Полска - Летонија
- Победникот од двомечот Турција - Романија
- Победникот од двомечот Грција - Белгија
- Победникот од двомечот Финска - Црна Гора