Нова повреда во Ливерпул - нова главоболка за Слот

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Џереми Фримпонг ќе отсуствува неколку недели поради повреда, објави клубот.

Холандскиот репрезентативец се повреди при победата од 6-0 над Карабах, во последното коло од Лигата на шампионите.

„Тој ќе отсуствува неколку недели, но не е толку лошо како што мислевме. Значи, тоа е среќа во несреќа за нас“, рече менаџерот на Ливерпул, Арне Слот.

Ливерпул се квалификуваше директно од третото место во осминафиналето од Лигата на шампионите, а вечерва во 21 часот е домаќин на Њукасл во 24. коло од Премиер лигата и ќе се обиде да ја прекине серијата од пет натпревари без победа во лигата.

Пред натпреварот против Њукасл, актуелниот шампион е шести на табелата со 36 бода, 14 зад лидерот Арсенал.