И ракометарите на Вардар дадоа поддршка на Народниот фронт на Комити! (ФОТО)

Навивачите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар добија поддршка и од ракометарите на скопскиот гигант за отворањето на „Народен фронт“ за спас на фудбалскиот тим кој се наоѓа во голема криза.

„Комити“ повикаа на обединување на навивачите на трибините на дуелот против Тиквеш, кој е закажан в среда на арената „Тодор Проески“, а сега и ракометарите ги повикаа навивачите да дојдат во што е можно поголем број на стадионот.

„Народен фронт - утре сите на Запад“, гласеше пораката која ја испратија ракометарите.

Натпреварот меѓу Вардар и Тиквеш е закажан за утре (среда) од 14 часот во Купот на Македонија.