Реал Мадрид се „врати од мртвите“ и го расплака Дортмунд (ВИДЕО)

Шпанскиот гигант Реал Мадрид со неверојатен пресврт ја нокаутира Борусија Дортмунд со 5-2 на „Сантијаго Бернабеу“ во рамки на третото коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

„Милионерите“ имаа одлично прво полувреме, откако постигнаа голови преку Мален и Џејми Гитенс во рок од четири минути, по што Реал се обиде да го возврати ударот, меѓутоа неколку пати ја погоди рамката од голот на гостинскиот тим.

Реал Мадрид почна да се буди во второто полувреме, па така најпрво Рудигер во 60. минута постигна гол за 1-2, а само три минути подоцна Винисиус Жуниор стрелаше за израмнување (2-2).

Двете екипи имаа по неколку добри шанси во продолжение, но голманите беа на висина на задачата. Сепак, Васкез реализираше по една контра на „кралевите“ во 83. минута и погоди за пресврт (3-2), додека триумфот од 5-2 го потврди Винисиус кој комплетираше хет-трик.

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски доби шанса за Жирона од клупата за резерви, а влезе во игра во 24. минута на местото на повредениот Мартин, по што неговиот тим погоди преку Гутиерез и Хуанпе за славје од 2-0 против Слован Братислава.

Останати резултати:

Арсенал – Шахтер 1-0
Астон вила – Болоња 2-0
Јувентус – Штутгарт 0-1
ПСЖ – ПСВ 1-1
Штурм Грац – Спортинг Лисабон 0-2