Винисиус: Сакам да останам засекогаш во Реал Мадрид!

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор постигна хет-трик во победата од 5-2 на Реал Мадрид против Борусија Дортмунд во третото коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

„Кралевите“ по првото полувреме имаа негатива од 0-2, но потоа се разбудија и со „петарда“ во вториот дел го расплакаа гигантот од Германија, меѓутоа посебно импресивен на теренот беше Винисиус.

„Сакам да останам засекогаш во клубот. Заљубен сум во Реал Мадрид. Сакаме повторно да ја освоиме Лигата на шампиони“, кажа Бразилецот по триумфот против бундеслигашот.

Реал Мадрид по три одиграни кола во елитното натпреварување има две победи и еден пораз.