Реал е во шок: Мален и Гитенс стрелаа за водство на Дортмунд (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд води со 2-0 во дербито против Реал Мадрид во Лигата на шампиони (ЛШ), откако стрелаа Дониел Мален и Џејми Гитенс.

Мален доби одлична шанса во казнениот простор по грешката на дефанзивците на „кралскиот тим“, по што лесно го матира Куртоа во 30. минута.

Дортмунд не запре по првиот погодок и само четири минути подоцна, Мален се најде во улога на асистент кога го пронајде Гитенс, а тој ја затресе мрежата на домаќинот.