Вардарски ангажираше поранешен македонски селектор!

Фудбалскиот клуб Вардарски има ужасен почеток на сезоната и се наоѓа на последното место во Втората македонска фудбалска лига, поради што Васе Беќаров си поднесе оставка, а на тренерската позиција го наследи поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски.

Искусниот стратег се враќа во Македонија, каде што ќе има задача да го спаси Вардарски од испаѓање од Втората лига, иако пред него е тежок предизвик затоа што екипата не знае за триумф по осум одиграни кола, односно има само два освоени бодови.

Јовановски во кариерата работеше во Вардар, Слога Југомагнат, Самсунспор, Работнички, Милано, Металург, ЦСКА Софија, Брегалница, Беласица и Ал-Батин.

Вардарски по осум одиграни меча е на последната позиција со два бода, а пред него се Борец со четири поени и Осогово и Вардар Неготино со по пет бодови.