Хрватска слави: Франција ја газеше Србија, па и попушти да не ѝ нанесе дебакл!

Ракометарите на Франција ја победија Србија со 29-25 на радост на цела Хрватска, откако со овој триумф на „триколорите“ вечерва им го завери пласманот на „каубоите“ во втората главна фаза на Европското ракометно првенство во Унгарија и Словачка.

Србија имаше невозможна мисија да победи најмалку со два разлика за да го освои второто место и покрај завчерашниот пораз во „балканската војна“ со својот најлут ривал, но не само што Србија не победи, туку не беше ни близу да се надева дека може да дојде до чудо. Франција уште од стартот тргна моќно, брзо дојде до сериозна предност од пет разлика (10-5), а до полувремето и до двоцифрена (16-6), па сѐ потоа беше само рутински одработен меч за Францизите и за нивна трета победа во групата, па на крајот се опуштија за Србија да избегне тотален дебакл и дури да си замине со пораз од само четири разлика.

Мае даде шест гола, Мем додаде пет, а Мине четири како најдобри стрелци кај Франција, додека Радивојевиќ со седум беше најефикасен во српскиот тим.

Норвешка со 35-29 ја победи Литванија за да го завери второто место во групата во која Русија со максимални три победи го освои првото место, додека Шведска и Чешка ремизираа 27-27 во решавачкиот меч во кој „викинзите“ успеаа со бодот и подобрата гол-разлика да обезбедат второ место веднаш зад Шпанија, која со три победи е прва.