Ван дер Варт дојде во Скопје, се испотепаа за фотка со него! (ФОТО)

Поранешниот репрезентативец на Холандија и фудбалер на Ајакс, Реал Мадрид и Тотнем, Рафаел Ван дер Варт стана вистински хит во СЦ „Борис Трајковски“ каде што дојде да ги поддржи ракометарките на Холандија на Европското првенство (ЕП) за жени.

Ван дер Варт привлече внимание на трибините, па голем број навивачи тргнаа да си направат слика за спомен со поранешниот фудбалер кој ја заврши кариерата во 2018 година во Есбјерг.

Ова не му е првпат на Ван Дер Варт да ја посети Македонија, откако претходно со Хамбургер играше против Победа Прилеп во 2005 година во рамки на Интертото Купот.