Хероините од Ѓорче Петров преку видео-линк пак заедно ја запеаја – Кометал шампионе (ВИДЕО)

На денешен ден пред 18 години македонскиот ракомет го доби првиот европски шампион, екипата на Кометал ЃП, која во големото финале го совлада тимот на Херц (26-22) и се искачи на највисокото место на пиедесталот.

Полнолетството на освоената титула беше прославена со специјален видео-линк, преку кој хероините од Ѓорче Петров уште еднаш ја запеаја „Кометал шампионе“, заедно со творецот на овој безвременски хит, Александар Митевски и актерот Драган Спасов-Дац.

Преку музичката видео-честитка, Македонија уште еднаш ќе се потсети на Индира Кастратовиќ, Андријана Будумир, Милева Велкова, Анџела Платон, Лариса Кисељева, Наталија Тодоровска, Ања Андрушенко, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ..., творецот на тој проект, Трифун Костовски и уште куп други луѓе инволвирани во овој проект кој донесе огромна радост кај сите спортски вљубеници во државата.