Гарабаја: Сегед има фантастичен состав, но Пелистер ќе игра за да – победи!

Ракометарите на Пелистер утре ќе го пречекаат унгарскиоттим ПИК Сегед (20.45 часот) во меч од седмото коло од Лигата на шампионите (ЛШ), во кој македонскиот шампион ќе се обиде да стигне до втората сезонава победа во елитното натпреварување.

Гостите важат за фаворити со скор „три од три“, но битолчани веруваат дека домашниот терен и атмосферата ќе бидат значајно оружје во обидот за изненадување. Тренерот Рубен Гарабаја потенцира дека ги очекува тежок и физички интензивен дуел.

„Сегед располага со исклучително квалитетни ракометари на секоја позиција. Одбраната им е цврста, имаат силен шут од дистанца, одличен голман и од едно од најдобрите крила во ЛШ. Но, ние ќе се обидеме да ја наметнеме нашата игра и да ја искористиме предноста дома. Ракометарите ќе дадат максимум и фановите ќе видат тим што се бори за победа,“ истакна шпанскиот стратег.

Големо засилување за пелистерци е враќањето на голманот Саид Хаидарирад, кој бргу се опорави од повредата.

„Медицинскиот тим направи одлична работа и сега сум целосно фокусиран на натпреварот. Секој противник има проблеми во нашата сала, атмосферата создава притисок. Верувам дека сме во подем, тренираме добро и имаме позитивна енергија. Сегед има искусни играчи и мечот ќе биде тежок, но ние веруваме во себе,“ изјави Хаидарирад.

Пелистер во првиот меч сезонава го совлада Загреб на домашен терен, по што влезе во серија од пет порази.