
Ференцварош со екс-вардарките Лекиќ и Цвијиќ во прво финале во ЛШ
Иако Ференцварош имаше минус четири на полувреме, во вториот дел унгарскиот тим успеа да се врати во мечот и потоа во егал завршница да направи пресврт и да дојде до победа. Есбјерг последен пат поведе со 26-25 на девет минути пред крајот, но следеше серија од 3-0 на Ференцварош како најава за победата.
Во трилер-завршницата во последната минута, Есбјерг израмни, за во последната секунда со гол на Болд, Унгарките да победат со 30-29.
Лекиќ даде пет гола, а најефикасна беше Ангела Малнштајн со седум, додека Болк погоди шест. Кај Есбјерг Нора Мерк и Ела Рејстад дадоа по седум гола.