ЕХФ удри по Вардар: Суспензија за Борозан, парична казна за Дибиров

Дисциплинската комисија при ЕХФ донесе одлука за црвените картони на натпреварот помеѓу Вардар и Киелце кој го одбележаа доста спорни моменти.

Натпреварот заврши со два црвени картони, по еден во двата табори, а имаше и спорен момент кога Тимур Дибуров срамно гестикулираше кон публиката по натпреварот.

ЕХФ одлучи да го суспендира Вуко Борозан со еден натпревар неиграње, проади црвениот картон кој го заработи во 13-та минута за удар в лице. 

А, за разлика од него, играчот на Киелце, Алекс Душебаев мина без суспензија, бидејќи неговиот гест не давал знак на агресија.

Тимур Дибиров, пак, заработи парична каза во износ од 3.000 евра поради срамна гестикулација кон публиката по натпреварот. Секој нареден таков гест ќе го чини 1.000 евра повеќе.

Ова значи дека Вардар за претстојниот меч против Мешков Брест нема да може да смета на Борозан, а се очекува шанса да добие новото засилување Дисингер, кој од ова коло ќе има право за настап во ЛШ.