ЕХФ потврди: Вардар од вториот шешир ги чека противниците во Лигата на Европа

Денеска Европската ракометна федерација ги потврди шеширите пред ждрепката за второто по ранг европско натпреварувања, Лигата на Европа.

Претставник од Македонија во ова натпреварување ќе биде Вардар кој своите противници ќе ги чека од вториот шешир.

Заедно со Вардар во вториот шешир се Горњик Забже (Полска), Констанца (Романија), Горење (Словенија), Хафнарфјодур (Исланд), Татран Прешов (Словачка), Татабања (Унгарија) и Кил (Германија). 

Така црвено-црните во групната фаза ќе нема да можат да играат против некоја од овие екипи. 

Како фаворити од првиот шешир на ждрепката доаѓаат: Монпелје (Франција), Савехоф (Швајцарија), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), ГОГ Гудме (Данска), Бидасоа (Шпанија) и Порто (Португалија):

Во третиот и четвртиот шешир не се познати сите екипи. Потврдени се: Бенфика, Тулуз, Сесвете, Торелавега и Хробри Глогов. Тука ќе бидат и победниците од квалификациските дуели  Мелсунген-Елверум, Брага-Адемар Леон и Силкеборг- Ференцварош.

Од последниот четврти шешир засега е позната само Војводина, а дополнително ќе дојдат останатите екипи од квалификациите. Ждрепката е закажана за од 11:00 часот.