ЕХФ потсети на една македонска мајсторија: Никој не го виде Кире - како дух! (ВИДЕО)

По пауза од цели 10 месеци, најсилните ракометни репрезентации од континентов ќе се соберат за да го почнат циклусот за новото Европско првенство, она во 2020 година, во Австрија, Норвешка и во Шведска. Главната фаза од квалификациите почнува утре, а ЕХФ ги најави натпреварите со еден од најубавите голови на последното ЕП.

Стрелец е Кире Лазаров, во копродукција со Гоце Георгиевски. Станува збор за еден прекрасен цепелин од мечот меѓу Македонија и Германија во Загреб, кој заврши 25-25, иако Столе Стоилов имаше шут за победа од шест метри, кој не успеа да го реализира во последните секунди. Сепак, овој мајсторски гол на Лазаров оставил впечаток, па дури и 10 месеци подоцна бил прв избор на медиа-тимот на Европската куќа на ракометот. Коментаторот го опиша македонскиот капитен како дух, кој никој не го виде, додека очекуваа Георгиевски да шутира.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

One day left! Remember to check the matches' schedule at ehfTV.com 🤗⠀ #dreamwinremember #ehfeuro2020⠀

A post shared by EHF EURO (@ehfeuro) on