Е. Пелистер 2 го дозна својот ривал во Европската лига

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во првото квалификациско коло за пласман во групната фаза од Европската лига на ЕХФ ќе се соочат со австриски Алпа Хард.

Битолчани ќе гостуваат на првиот натпревар на 27 или 28 август, додека реваншот е една недела подоцна во Битола. Ракометниот клуб Бутел ќе игра во второто квалификациско коло и својот ривал ќе го добие по ждрепката на 6 септември. 

Еурофарм Пелистер директно се пласираше во групната фаза од ова натпреварување.