Дувњак останува верен на Кил – потпиша нов договор до 2022 година

Еден од најдобрите хрватски ракометари Домогој Дувњак останува верен на германски Кил, па денеска го продолжи договорот за уште две години со овој ракометен гигант и сега Хрватот ќе игра најмалку до 2022 година.

Дувњак дојде во Кил во 2014 година, а една година претходно беше избран за најдобар ракометар според Светската ракометна федерација (ИХФ), откако со Хамбург стана европски правак. Откако дојде во Кил има две бундеслигашки титули.

„За мене ова е најдобриот клуб на светот“, рече Дувњак после потпишувањето на договорот со „зебрите“.

Хрватот игра во Германија цела една деценија, откако во 2009 година од Загреб дојде во најсилната лига на светот.