Дибиров на шиење во болница: Му ја дупнаа главата во Германија!
Дибиров имаше еден постигнат гол до повредата поради што мораше итно да биде пренесен во болница за да биде санирана истата, откако му ја дупнаа главата. Недостатокот на Дибиров беше преголем пех за загрепчани, кои не можеа против Германците, па на крај разликата од петте гола од полувремето растеа до најубедливите 11 пред самиот крај на мечот и сѐ заврши со десет разлика.
Иван Чупиќ даде два гола, а Стефан Додиќ еден од преостанатите двајца екс-вардарци кои играат во моментов за хрватскиот првак.