Даниел Дупјачанец продолжува во француски Вилербан

Искусниот чувар на мрежата Даниел Дупјачанец го напушти Металург и од следната сезона ќе брани за францускиот второлигаш Вилербан.

Дупјачанец бранеше за клубот од Автокоманда неколку сезони, но Металург се соочи со големи финансиски проблеми, по што беше суспендиран од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ) поради неисплатени плати кон поранешни ракометари и тренери.

Голманот стави потпис на двегодишна соработка, па се очекува да остане во францускиот клуб до 2024 година.