Циндриќ им се заблагодари на Вардар и на Комити за дочекот во Скопје (ФОТО)

Хрватската рамонетна ѕвезда Лука Циндриќ пред шест дена се врати во Скопје, сега како член на полски Кјелце и беше дочекан со бурен аплауз и со овации од навивачите на Вардар во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Циндриќ беше дел од златната генерација на Вардар, која лани во мај ја освои европската титула, а беше стрелец на клучниот гол за пласман во финале против Барселона во полуфиналниот меч на фајнлфорот во Келн. Вардаровиот навивачи не го заборавија Хрватот за да му се заблагодарат уште еднаш за неговите настапи во црвено-црниот дрес.

Не ги заборави ниту Циндриќ, навивачите Комити, Вардар, Македонија, па им се заблагодари.

„Вардар, Комити, Скопје, Македонија – ви благодарам за сè“, напиша Циндриќ.