Четврти триумф за Нант: Лазаров со девет гола го „торпедираше“ Трембле

Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров одигра фантастичен меч за Нант против Трембле, па во победата од 39-20 постигна дури девет погодоци.

Нант ја оправда фаворитската улога против Трембле, па најпрво го доби првото полувреме со 20-11, а во второто дополнително ја зголеми предноста до конечни 39-20.

Екипата на Лазаров по пет кола има осум освоени бодови, колку и Аикс, Монпелје и ПСЖ, кој има одиграно и меч помалку.