Барселона сигурна, Кристијанштад остана закован на дното!

Во натпреварот од 13. коло од ракометната Лига на шампиони, Барселона успеа да победи на гостувањето кај Кристијанштад со 21-26.

Немаше многу дилеми по прашањето на победникот, откако гостите по првите 30 минути игра имаа предност од три голови разлика, односно 8-11.

До крајот на натпреварот, Барселона со сигурна игра не му дозволи на противникот да направи никакво изненадување и на крајот стигна до победа со 21-26.

Најдобар стрелец на мечот беше Нилсен од редовите на Кристијанштад, кој успеа да постигне шест погодоци од 11 обиди.