Барселона го декласираше Елверум и избори четвртфинале во ЛШ

Елверум го доживеа и вториот пораз во осминафиналето од Лигата на шампиони (ЛШ), откако повторно беше подобра Барселона и тоа со 39-19.

Каталонците го отворија мечот со серија од три гола (3-0), но Елверум врати со иста мерка и израмни на 3-3, но потоа Барселона постави ритам кој не можеше да го следи противникот и на полувреме резултатот беше 20-10 за шпанскиот тим.

Барселона продолжи да доминира и во второто полувреме, а нивното водство растеше од минута во минута и на крајот достигна убедливи 20 голови разлика (39-19).

Сумаре Дику постигна шест гола за Барселона, а исто толку за Елверум даде Доминик Мате.