Бабиќ: Ќе морам да променам нешто за следниот натпревар

Еурофарм Пелистер го запиша и третиот пораз на третото гостување сезонава во Европската лига. Денеска битолчани беа поразени од Тримо Требње со 28-24.

Нашиот тим доигра очајно слабо во нападот, особено во второто полувреме. Голманот на противникот имаше дури 16 одбрани, од кои најголем дел беа чисти зицери.

„Посебно во првиот дел многу промашивме од чисти позиции и тешко е да се игра во Европа ако се шутира толку лошо. Чувствувавме притисок и мора  нешто да променам за следниот натпревар против Тримо што го играме за седум дена во Битола. Честитки за Тримо Требње, за ракометарите и за тренерот Урош Зорман“, изјави тренерот на „пелистерци“ Жељко Бабиќ. 

 

Се боревме двете екипи, ангажманот беше на двете страни. Се обидовме со неколку варијатни во нападот, создававме чисти шанси, но нивниот голман беше одличен, собра најмалку 15 одбрани, Иако ја сопревме контрата на противникот, сепак примивме дури 28 гола, што е премногу ако сакате да победите на ваков натпревар“, изјави Мартин Велковски.