Алушовски стана тренер на второлигаш од Исланд

Поранешниот стратег на Вардар, Стевче Алушовски ја продолжи тренерската кариера во Исланд, каде што ќе го тренира второлигашот Тор Акурејри.

Македонскиот тренер ќе има за задача во Тор Акурејри да го однесе тимот во првата лига во Исланд, а со второлигашот потпиша договор на една сезона.

Алушовски минатата сезона го предводеше Вардар до двојна круна, но и покрај тоа беше заменет со Веселин Вујовиќ.

Ова на Алушовски му е прв интернационален предизвик во кариерата, откако претходно го тренираше и Еурофарм Пелистер пред да се пресели во Вардар.