
Вардар се прошета низ Битола и ги растури младите пелистерци
„Црвено-црните“ триумфираа со 34-19, без да видат поголем проблем против младиот ривал. Се беше решено уште во првото полувреме кое Вардар го доби со 18-7, па во продолжение од натпреварот, атмосферата изгледаше како нешто посериозен тренинг. Интересно е тоа што до овој меч Пелистер 2 имаше серија од 25 победи, сметајќи ја минатата сезона во која се прошета во Првата лига и првото коло од новата натпреварувачка кампања.
Боно со шест гола беше најефикасен во тимот на Вардар, а уште петмина постигнаа по четири. Белистојановски го предводеше вториот тим на Пелистер со пет гола.
На останатиот меч денеска, Прилеп успеа да слави со 33-32 против Куманово.