Дебакл на Пелистер: Арсими со цел плен се враќа од Битола

Фудбалерите на Арсими запишаа убедлив триумв во Првата лига, откако среде Битола го совладаа Пелистер со 4-0 во петтото коло од македонскиот шампионат.

Мрежите во Битола мируваа сè до 66. минута, кога Арсими прв зададе удар преку Бесагиќ и поведе со 1-0.

Пелистер не успеа да одговори по голот на Арсими, па следеа уште два брзи погодоци на гостите, и тоа преку Таипи и Шефити, но тоа не беше крајот зашто гостинскиот состав погоди уште еднаш пред последниот судиски свиреж.

Арсими со оваа победа скокна до седмата позиција и има пет бодови, додека Пелистер остана на шестото место со шест бода.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/KF Arsimi