Беласица му пресуди на Детонит и ги стигна најдобрите во Втората лига

Беласица славеше со 1-0 против Детонит Плачковица во четвртото коло од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), па така фати приклучок со останатите тимови кои беа пред нив до ова коло.

Натпреварот беше решен со само еден погодок, и тоа во 36. минута кога Спиркоски ја затресе мрежата на ривалот за победа од 1-0.

Струмичката екипа има 10 бодови по четири одиграни кола, колку што имаат и Брегалница, Кожуф и Шкендија Арачиново.

Standings provided by Sofascore

Фото: FK Belasica