Сасуоло го шокира Лацио за прв триумф во Серија А (ВИДЕО)

Фудбалерите на Сасуоло беа подобри од Лацио со 1-0 во третото коло од Серија А, па така стигнаа до првите бодови во новата сезона.

По израмнетото прво полувреме, Лацио ја презема контролата и имаше дури девет шанси кон голот на ривалот, меѓутоа не искористи ниту една од нив, па Фадера во 70. минута ги казни гостите од Рим.

Лацио и Сасуоло по три одиграни кола имаат само по три освоени бодови.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/FC Lazio