Катастрофа за „ѓаволите“ на „Итихад“: Сити го понижи градскиот ривал (ВИДЕО)

Манчестер сити го понижи градскиот ривал Манчестер јунајтед со 3-0 на „Итихад“ во дербито од четвртото коло од англиската Премиер лига.

„Ѓаволите“ се обидуваа да ја застресат мрежата на домаќинот, но Џанлуиџи Донарума беше на висина на задачата, по што казната стигна преку Фил Фоден во 18. минута.

Ерлинг Халанд на стартот на вториот дел го зголеми водството на „граѓаните“, по што избраниците на Рубен Аморим тргнаа со сите сили да ја вратат неизвесноста, но набрзо падна и третиот погодок, а стрелец повторно беше норвешкиот голгетер.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Manchester City