Ракометарите на Вардар ќе играат во финалето од „Струшкиот турнир“ и тоа утре против Еурофарм Пелистер (21.15 часот), откако вечера дојдоа до третата победа во третиот меч од групната фаза и тоа со половина сили против Бутел (25-17).

Тренерот на црвено-црните, Стевче Алушовски, им даде шанса на сите ракометари кои ги имаше на располагање, а клучната предност беше обезбедена во последните 15 минути. Тоа беше тврд меч со малку голови, за што потврдува и фактот што во првите седум минути падна само еден погодок.