Вардар мисли на иднината – потпиша на три години со голем талент од младинската школа
Младиот ракометар, кој важи за еден од најталентираните играчи од вардаровата школа, добива можност да се докажува во сениорска конкуренција, а неговата промоција е дел од планот на клубот за создавање и развој на домашни играчи. Од Вардар посочуваат дека Нечовски бил лично селектиран од тренерот Иван Чупиќ, што дополнително покажува колку клубот верува во неговиот потенцијал. Тој во наредната сезона ќе биде дел од ротацијата на плејмејкерската позиција и ќе има можност да учи и напредува покрај поискусните Јака Малус и Матео Фадуил, кои ќе го носат главниот товар во организацијата на играта.
Покрај промоцијата на Нечовски, Вардар ја продолжи и соработката со кондициониот тренер Матеј Јовановски, кој и следната сезона ќе остане дел од стручниот штаб на хрватскиот стратег, по успешната работа со физичката подготовка на тимот во изминатиот период.