Тенисерите преку Црна Гора до промоција во Втората светска група од Дејвис купот!

Машката тениска Дејвис куп репрезентација обезбеди пласман во Втората светска група по завршувањето на турнирот во Молдавија.

По поразот од домаќинот на отворањето, македонските тенисери врзаа три победи и денеска го комплетираа успехот со триумфот против Црна Гора со 2-1. Во четвртокот го совладаа Косово со 3-0, вчера беа подобри од Грузија со 2-0, а денеска го заклучија турнирот со уште еден добар настап.

Калин Ивановски го победи Кнежевиќ со 2-0 (6-2, 6-4) во првиот меч, потоа Проходко загуби од Јовановиќ со 0-2 (4-6, 5-7), па победникот се решаваше во двојки. Таму, Ивановски и Проходко буквално ги растурија Кривокапиќ и Јовановиќ со 2-0 (7-6, 6-2) за помалку од еден час игра за конечна победа на нашата селекција.