Вардар и Бутел утре нема да играат поради смртта на Денис Тот

Пресметката од плејофот во ракометната елита помеѓу првакот Вардар и Бутел, кој требаше да се игра утре од 16 часот е одложен после смртта денеска на хрватскиот интернационалец Денис Тот, кој денеска ја загуби животната битка.

Вардар објави дека пресметката од четвртото коло во плејофот е одложен и дека дополнително ќе се одреди нов термин за одигрување на мечот.

Тот беше ракометар на Бутел, кого неодамна го засили после две сезони претходно минати во Охрид. Хрватот денеска попладне почина откако вчера рано наутро во бесознание, со ниска сатурација и многу мал срцев пулс бил донесен во Ургентниот центар во Скопје.

Вардарци денеска се простија од Тот и упатија сочуство до семејството и најблиските, потресени од трагичната смрт.