Вардар и Алкалоид му оддадоа почит на Доне Бошковски! (ФОТО)

Откако спортската јавност во Македонија претпладнево се шокира од ненадејната смрт на Андон Бошковски, најмалку што можеа да направат екипите од ракометната Суперлига е да му одадат почит со минута молчење.

Меѓутоа, на дербито на колото, меѓу Вардар и Алкалоид, ракометарите на Вардар и на Алкалоид на терен се појавија со маици на кои пишуваше „Почивај во мир Доне“.

Бошковски почина на 47-годишна возраст, а целата своја кариера ја посвети на ракометот и како помошник во репрезентацијата и како прв тренер на повеќе македонски суперлигаши.