
Уште еден вардарец отиде во Битола – Димитриоски потпиша за Е. Пелистер 2
Младиот Димитриоски си заминува од Вардар откако црвено-црните за новата сезона го ангажираа Јан Чувара, како бекап за Тимур Дибиров на лево крило. Тој потпиша едногодишен договор со Еурофарм Пелистер 2 и веќе се приклучи во тимот на Александар Јовиќ, со тоа што во новата сезона ќе игра на позиција среден бек, а не на крило.
Димитриоски лани ја освои двојната круна со Вардар, а пред да дојде во црвено-црните пет години беше дел од Металург, прво во Металург јуниор, а потоа и во првиот тим на металурзите.