Џерард го избра најдобриот англиски фудбалер во историјата - Хари Кејн!
Кејн е во најтесниот круг фаворити за добивање на престижното признание, а Џерард не го крие високото мислење кое го има за англискиот голгетер.
„Според мене, за Хари Кејн, може слободно да се каже дека е најдобриот англиски играч на сите времиња“, изјави Џерард.
Џерард не е првиот поранешен англиски репрезентативец кој го сместува Кејн на самиот врв. Вејн Руни уште во 2024 година, во подкастот „The Overlap“, изјави дека 33-годишниот напаѓач го смета за најголемиот фудбалер во историјата на англиската репрезентација.
The ultimate compliment for Harry Kane? 🏴 https://t.co/WC2Wdad9Aq
— BBC Sport (@BBCSport) October 22, 2026
Кејн минатата сезона постигна 73 гола на 65 натпревари за Баерн Минхен и англиската репрезентација. Подобар учинок во една сезона има само Лионел Меси, кој во сезоната 2011/12 постигна 82 гола за Барселона и Аргентина.
Со Баерн освои три трофеи во Германија, а во август ја доби „Златната копачка“ за најдобар стрелец во Европа. Тоа беше негова втора ваква награда во кариерата, по онаа во сезоната 2023/24.
Одличната форма ја пренесе и во новата сезона. На натпреварот против Унион Берлин, кој Баерн го доби со убедливи 7-0 на 18 септември, Кејн стигна до својот 100. гол во Бундеслигата, и тоа на само 98 натпревари. Тоа е најбрзиот пат до оваа бројка во историјата на германското првенство. Претходниот рекорд го држеше Дитер Милер, кому му беа потребни 129 натпревари за да стигне до 100 гола.